Податоци за осветлување на дел од Автопат А2 и А4печати

Скопје, 27.04.2018

Податоци за Осветлување на дел од автопат А2 и А4:

Завршено и пуштено во функција на осветлувањето на следниве делници:
1. Делница клучка Хиподром – клучка Белви – клучка Илинден, осветлена патна делница во должина од 5,5 км
2. Делница клучка Хиподром – клучка Кадино, осветлена патна делница во должина од 6,5 км
Вкупно се поставени 276 канделабри со 585 светилки.
Целото осветлување е со имплементиран централен систем за мониторинг, контрола и управување на осветлувањењто, со кој е овозможено во секој момент да се врши далечинска контрола и мониторинг на електричните параметри од кои зависи квалитетот на осветлувањето. Истотака преку системот се врши детектирање и алармирање во случај на настанат дефект, кој помага во добивање навремена информација за брзо отклонување на дефектот, а со тоа се обезбедува подобра безбедност на сообраќајот во ноќните часови.
Преку централното управување од системот е овозможено вклучување и исклучување на светилките, согласно нивната географска позиција и промените во зимскиот и летниот период од годината.
Во периоди на намалена фреквенција на возила, се врши намалување на интензитетот на светилките, а со тоа и заштеда на потрошената електрична енергија.
Преку фото-апарати, поставени на канделабрите на светилките се врши визуелен мониторинг во реално време на временските услови и во случај на магла, осветлувањето далечински може да се вклучи.
На овие делници во системот се интегрирани шест мини метеоролошки станици кои ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а дополнително  може да се постават и сензори за мерење на температурата на коловозот.
Сите овие информации и параметри од уредите на системот за мониторинг, управување и конторла на осветлувањето, се зачувуваат во посебна база на податоци и истите се користат за понатамошни анализи за поефикасно превентивно и периодично одржување, со крајна цел за зголемување на животниот век на поставената опрема и намалување на трошоците за одржување во периодот на експлоатација на објектите.
Вредноста на договорот е 61.000.000 денари, сопствени средства на Јавното претпијатие за државни патишта.

\

Сподели: